Безживотно тело на непознато лице е извлечено од Дунав кај Костолац, јавуваат вечерва српските медиуми.

Телото го пронашол човек кој што ловел риба во близина. Телото било во фаза на распаѓање, па се уште не се познати повеќе детали за жртвата.

– Како што ексклузивно дознава српски Курир, се проверува дали се работи за Матеј Периш, сплиќанецот кој исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември минатата година.

– Матеј имаше бели патики, но проверуваме дали се црни на оваа жртва – вели изворот на Курир од истрагата.

Курир дошол до фотографија од местото на кое се гледа стапалото со црната патика. Телото стигнало до брегот во делот наречен Пепелник бидејќи таму се складира пепелта од електраната.

Дежурниот обвинител нареди обдукција на остатоците од телото, за да се изврши идентификација и евентуално утврдување на причината за смртта.