Силен тресок во четвртокот нешто по 23 часот преплаши дел од загрепчани кај Јарун, а полицијата проверува за што се работи.

На социјалните мрежи се шират различни информации – од тоа дека нешто паднало од небото, па макар и мало летало или сателит, до тоа дека се работи за експлозија на гас, а се известува дека се шири необична и силна смрдеа.

Од местото на настанот се јавил репортерот на ТВ „Дневник Нова“, кoј рекол дека „се уште не се знае точно за што се работи бидејќи истрагата е во тек, а формиран е и голем кратер“.

– Пожарникарите и полицијата се на терен, тие утврдуваат што се случило, рече тој.

📷

📷

📷

📷

📷

📷