Човек од Украина, кој за чудо преживеал откако бил прегазен од тенк додека се возел во автомобил, изјавил дека планира да се приклучи на војската и да ја брани земјата веднаш штом ќе закрепне.

Од болничкиот кревет, човекот детално го опишал застрашувачкиот инцидент.

„Немаше други автомобили на патот. Оклопното возило нагло излета во мојата лента и ме удри. Потоа почна да се движи во рикверц. Добро е што бев сам во автомобилот“, изјави тој за Радио Либерти.

„Што ако имаше деца внатре? Тешко е да се замисли што ќе се случеше.

За среќа, на помош дошле случајни минувачи.

– Левата нога ми беше заглавена. Левата рака и стапалото ми беа скршени. Повикаа брза помош која ме однесе во болница, објасни тој.

– Момци, ако го гледате ова, ви благодарам многу, додаде тој низ солзи.

Да потсетиме, во медиумите првично се прошири веста дека човекот бил прегазен од руски тенк. Бидејќи снимките од наводните руски тенкови и оклопни возила дојдоа во исто време од истата населба, се претпоставуваше дека станува збор за руско воено возило кое влегло во градот, но подоцна се појавија тврдења дека всушност станува збор за украински тенк.

Сè уште не е официјално потврдено чиј тенк е одговорен за прегазувањето на човекот.