Руската државна новинска агенција објави дека вчера се урнале два украински беспилотни летала од ист тип Ту-141.

„Првиот од нив падна во близина на градот Красноперекопск (Република Крим), а вториот во Загреб (Хрватска), прелетајќи повеќе од 700 километри“, изјавил извор за ТАСС.

Тој објаснил дека ова беспилотно летало е „во суштина мал млазен авион способен да носи прилично сериозен товар со бомба до еден тон“. Според него, двата апарата извршиле „пробни летови“ до Крим, но еден од нив скршнал од курсот и полетал кон главниот град на Хрватска.

„Делови од украинскиот дрон од типот Ту-141 се откриени од страна на руските граничари на 11 март во 10:35 часот, на 17,6 километри од државната граница и на 8,5 километри од Красноперекопск на брегот на езерото Красноје“, рече изворот.

„Претходно денеска, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека од Украина е лансиран дрон кој се урна во Загреб. Тој изрази изненадување што старомодните авиони поминале повеќе од еден час на небото над земјите-членки на НАТО, а никој не забележал.Според претседателот, инцидентот се истражува“, додава агенцијата.