Украинските официјални власти рано утрово соопштија дека руските сили извршиле ракетен напад врз воен центар за обука надвор од градот Лавов. Новинарите на Би-Би-Си во Лавов велат дека не се слушнале експлозии во центарот на градот.
Лавов е град со околу 720.000 жители (отприлика колку Скопје) и се наоѓа на само 80 километри оддалечен од полската граница и е дестинација за многу Украинци кои бегаат од други делови на земјата.
Во првите денови од инвазијата, руските сили гаѓаа региони на север, исток и југ, вклучувајќи го и главниот град Киев. Но, во последните денови руските сили ги гаѓаа регионите во центарот, како што е Днипро, и на западот, како што е Ивано-Франковск, каде експлозии се забележани и утрово.
Лавов, историски и живописен град познат по своето културно наследство, досега беше оставен недопрен. Но, се подготвуваше за војна и презеде подготовки за заштита на своите историски знаменитости.
Што е IPSC?
Регионалната воена администрација на Лавов соопшти дека Меѓународниот центар за зачувување на мирот и безбедност (IPSC), во областа Јаворив, бил мета на руските сили рано утринава.
Лоциран на 30 километри од Лавов, IPSC беше формиран во 2007 година за обука на вооружените сили на Украина, особено за мировни мисии.
Исто така, редовно е домаќин на меѓународни трупи. Во документот на НАТО за центарот се вели дека центарот има за цел да обезбеди обука за деминирање и безбедност на мини за украинските и војниците на другите нации.
⚡️Russia has targeted the Yavoriv International Peacekeeping and Security Centre (IPSC) in Lviv region, just about 25 km from the border with Poland/EU/NATO. IPSC is also known as the Yavoriv Military Range – the one of two in UA where international military exercises take place.
— Myroslava Petsa (@myroslavapetsa) March 13, 2022
Мирослава Петса од Би-Би-Си на украински вели дека IPSC е една од двете локации во Украина каде што се одржуваат меѓународни воени вежби. Таа, исто така, истакна дека центарот е оддалечен само десетици километри од границата на Полска – а со тоа и Европската унија и НАТО.