По веста дека наводната кандидатка од натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, Мирјана Поповиќ, добивала безобразни пораки од Ѓорѓе Давид, член на жирито, се огласи и Саша Поповиќ:

– Личност со име и презиме Мирјана Поповиќ никогаш не била кандидат во Ѕвездите на Гранд, ниту пак преку онлајн аудиција се пријавила на нашиот натпревар. Доколку, пак, споменатата личност се пријавила под друго име, тогаш се работи за лажно претставување, кое подоцна може да се утврди и кое автоматски ја доведува во прашање вистинитоста на нејзините тврдења. Осудувам секаков вид на сексуално или какво било друго вознемирување. Сето ова го споменувам бидејќи Ѓорѓе Давид е примерен сопруг и татко и почитуван член на нашето жири – изјави Поповиќ.