Русија го омекна својот став во преговорите за евентуален договор со Украина, изјави помошникот на украинскиот претседател.

Игор Зовква, заменик началникот на кабинетот на претседателот на Украина, изјави дека преговорите меѓу руските и украинските претставници станале поконструктивни. Тој вели дека Москва го променила својот тон и престанала да бара предавање на Украина, на што Русија инсистирала за време на претходните преговори.

Зовква рече дека украинските претставници се чувствуваат „умерено оптимисти“ по преговорите, додавајќи дека средбата меѓу Зеленски и Путин е неопходна за значителен напредок.

Украинската страна веќе неколку дена изразува оптимизам за преговорите, а самиот Путин викендов изјави дека има позитивен развој на преговорите. Сепак, Русија продолжи да ги напаѓа украинските градови, а САД вчера објавија дека нема докази за деескалација на конфликтот што би било знак на добра волја.

Да потсетиме, Зеленски денеска изјави дека „треба да се признае“ дека Украина нема да може да се приклучи на НАТО, пренесува АФП и потсетува дека тоа е едно од главните прашања што Русија го покренува за да ја оправда својата инвазија на таа земја.

Претседателот рече на 20-тиот ден од инвазијата на руските сили кои ги бомбардираа украинските градови и денеска убија пет лица во главниот град Киев додека цивилите се обидуваа да се евакуираат со хуманитарни конвои, а парламентот ја продолжи вонредната состојба.

„Со години чекавме да се отвори вратата, но исто така слушнавме дека не можеме да се приклучиме на тоа членство. Тоа е вистина и мора да се признае“, рече Зеленски на видео-конференција.

Воената состојба е воведена на 24 февруари во период од 30 дена откако Русија започна „специјална воена операција“ во Украина, како што таа ја нарекува, и тоа е најголемиот напад врз европска земја од Втората светска војна.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина мора да се помири со неприклучувањето кон НАТО, пренесува АФП.