Од 16-годишна возраст, големите гради на Џенел Нелсон (20) ѝ предизвикувале огромен број здравствени проблеми. Постојано трпела болки во нејзините рамења и вратот од притисокот на прерамките на градникот. Посебна приказна за неа бил изборот на облека, односно била ограничена во изборот на истата.

Во текот на изминатите четири години, Џенел која работела со лица со посебни потреби посетила неколку хирурзи, но потоа била одбиена поради тврдењата дека е премногу млада и потребно е одредени хормони за да се изедначат.

– Намалувањето на градите ми го промени животот. Се чувствувам како да имам сосема ново тело. Повеќе не сум ограничена во изборот на облека и можам да облечам било од гардероберот без да морам да го пробам и да се грижам дали ќе ми стои, вели девојката.

Џенел сега тврди дека нејзината самодоверба е подобрена и сега се чувствува многу поенергично. Иако намалувањето на градите предизвикало интензивна краткотрајна болка, таа вели дека го направила вистинскиот чекор и сега охрабрува и други жена во слични ситуации да се одлучат за операција.

– Ниту едни лузни или болки никогаш нема да ме спречат повторно да ја направам операцијата само за да го почувствувам и доживеам олеснувањето што го имам сега. Заслужувате да се чувствувате удобно во вашето тело. Вие заслужувате да се чувствувате сигурни во облеката што ја носите. Вие заслужувате да бидете среќни, порача таа таа.

Имено, во 2021 година, лекар конечно се согласил да ја изврши хируршката процедура, а таа отишла под нож на 5-ти јануари годинава.

📷

Меѓутоа, Џенел, која пред операцијата се чувствувала како „нејзиното тело да ѝ ја одзема самодовербата“ и да ја ограничува што може, а што не смее во нејзиниот живот, сега е среќно омажена и сподели дека нејзиниот сопруг, Чендлер Нелсон, постојано ја поддржувал и ја храбрел да не се откаже поради притисокот да не ја изврши операцијата.

📷

📷

📷