Голманот на Ајакс, Андре Онана, кој летово како слободен играч ќе се пресели во Интер, имаше многу среќа избегнувајќи тешка повреда при сообраќајната несреќа во Камерун.

Онана патувал на репрезентативниот собир од Јаунде до Дуала, кога на возилото со кое се возел налетал друг џип. Фотографиите од несреќата покажуваат дека станувало збор за сериозен судир, но Онана минал без повреди.

„Можам да потврдам дека се е во ред со Андре. Се слушнав пред неколку минути, тој не управувал со возилото. Освен што е малку шокиран од несреќата, нема физички повреди. Нема посериозно повредени лица во сообраќајката“, изјави агентот на Онана, Алберт Ботинес.

📷

📷

📷