Клои Кардашијан се погрижи цел свет да може да ги види нејзините облини за време на нејзиното последно излегување во Лос Анџелес.
Ријалити ѕвездата излезе во Западен Холивуд пред неколку дена на вечера во фобро познато и гламурозно место. Иако, луѓето на улиците на Лос Анџелес се навикнати на гледање ѕвезди во вакви изданија, Клои сепак успеа да ги изненади папараците со својот разоткриен „репертоар“.
Таа изгледаше неверојатно во провиден фустан со ѕвездички, кој го комбинираше со црни кожени чизми до бутовите. Додека воглавно фустанот и ги покриваше рацете и нозете, сепак нејзината заоблена фигура остана целосно видлива, покажувајќи го голиот задник и тангата одоздола.
За да го комплетира изгледот, Клои носеше големи обетки со дијамантски обрач, темно црни очила за сонце и мала црна чанта. Таа ја повлече косата наназад, а исто така ги носеше нејзините „препознатливи нокти со шило со француски врв“.
На Инстаграм, Кардашијан објави за проводот, каде што вечераше со нејзините долгогодишни најдобри пријателки Малика и Кадија Хак, прославувајќи го роденденот на сестрите близначки.
– Засекогаш и секогаш ќе славам со моите девојки!!!!, напиша таа на Инстаграм, додавајќи слика од вечерата, на која беа вклучени и Камерон Фордам и Дорион Рено.
Не е ни чудо зошто реалити ѕвездата сака да изгледа што е можно подобро каде и да оди, справувајќи се со последиците од скандалот со изневерувањето на Тристан Томпсон.
Во новото интервју за Variety, Клои и остатокот од нејзиното семејство зборуваа за деталите од нивната претстојна серија Hulu, The Kardashians. Иако не е среќна поради тоа, основачот на Good American потврди дека нивното ново шоу ќе ги прикажува нејзините најнови проблеми во врската со кошаркарот.
– Посакувам никогаш да не морам да зборувам за тоа бидејќи не е забавна работа да се зборува, рече таа и додаде дека „тоа е дел од нејзиното патување во животот, па ќе го видиме во шоуто“.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸