Џули е медицинска сестра од САД која преку видео на ТикТок сподели искуство кое го стекнала грижејќи се за болни лица на смртна постела.

Таа го објавила видеото со надеж дека луѓето кои ќе го гледаат, ќе ги послушаат нејзините совети за да не се каат за истото кога ќе се осврнат на својот живот.

Еве за што луѓето најчесто жалат во изминатиот живот и што честопати ѝ признавале пред да умрат.

– На крајот од животот повеќето од нив жалат што не го ценеле своето здравје. Некои жалат и што повеќе не уживале во малите нешта, а исто така едногласно не можат да си простат што не поминувале повеќе време со семејството – изјавила оваа медицинска сестра.

Од исповеста на своите пациенти, Џули научила дека треба да сме благодарни додека сме здрави и додека смртта не е близу, да не го земаме здраво за готово нашето здравје и малите нешта во животот.

-Не трошете си го животот залудно… Поминувајте време со луѓето што ги сакате, тоа не мора да е нужно семејството, туку со оние што ги сакате и прават да се чувствувате сакано – додаде таа.

Џули станала медицинска сестра откако девет години работела на интензивна нега.