Фудбалските репрезентации на Македонија и Португалија вкрстија копја во баражот за Светското првенство во Катар. Откако избраниците на Милевски ја шокираа Италија, а Португалците славеа со Турција, закажаа меѓусебен последен дуел пред Мундијалот.

Порто е домаќин на бараж финалето, а пред стартот на натпреварот на „Драгао“ португалските организатори приредија спетакл. Како на најголемите светски собири, на стадионот во Порто пред дуелот публиката ја занимаваа мажоретки, кои одиграа неколку музички нумери.

Португалците се голем фаворит на овој натпревар, меѓутоа Македонија нема што да загуби и ќе игра за честа, вечна слава и прв пласман на Светските првенства.

📷

📷

📷

📷