Хрватската полиција вчера извести дека телата на мајката и детето биле пронајдени во понеделникот околу 12.30 часот во семејната куќа во Доња Бистра по пријава од член на семејството и дека според видливите повреди се работи за насилна смрт.
Како што подоцна неофицијално дознаваат Индекс.хр, жената убила петгодишно дете, а потоа и себеси, а телата ги пронашол таткото. Ова е семејство кое неодамна се преселило на ова место.
Полицијата вчера попладне извршила истрага, а денеска соопштија по спроведената истрага.
Тие не дадоа многу нови информации, но напишале дека жената со нож го убила детето, а потоа со истиот нож се самоубила. Откриле дека убиството и самоубиството се случиле помеѓу 9.30 и 11 часот.
„Вчера, на 4 април, во периодот од 9.30 до 11 часот, во месноста Доња Бистра, во бањата од куќата, 30-годишна жена со нож убила дете, по што се самоубила од истото средство.
Безживотните тела во куќата ги пронашол 38-годишен татко, кој ја известил полицијата. По извршената истрага, телата се пренесени во Институтот за судска медицина и криминалистика во Загреб“, соопшти полицијата.
Мештаните велат дека се работи за младо семејство, кое пред неколку месеци се вселило во куќа во месноста Бистра и живееле како кираџии. И двајцата биле вработени, но жената чувствувала финансиски притисок и затоа работела хонорарно, објавувала огласи каде нудела помош, но луѓето од нејзиното опкружување не очекувале таа да крене рака на детето и себеси. Често го гледале како си игра во дворот и ништо не навестувало за трагедија од вакви размери.
– Што направило едно толку мало дете за да би заслужило таква смрт. Ако не можеше повеќе да издржи, не мораше да го повлече детето со себе. Животот беше пред него, кој знае што можеше да стане – велат мештаните. Тие претпоставуваат дека жената не била сфатена сериозно кога рекла дека и е тешко.
– Со нив никогаш немало никакви проблеми. Некогаш се жалеше дека не се чувствува добро, дека и е доста од се, но сите понекогаш го кажуваме тоа. Не ни претпоставуваме дека може да направи вакво нешто – изјавиле видно шокираните соседи на семејството.