Избраниците на Стефано Пиоли успеаја да шутираат дури 33 пати кон голот на Болоња, од кои седум сигурни, но ниту еден од тие удари не заврши во мрежата.
Клубот од градот на модата на тој начин загуби клучни бодови во походот по титулата шампион на Италија, а најимпресивниот момент на натпреварот се случи во 80. минута. Ибрахимовиќ директно се судри со гостинскиот стопер Гери Медел. Од главата му течеше крв, а Ибрахимовиќ веднаш налутено му гестикулираше на судијата.
„Кориере дело спорт“ пишува дека шведскиот напаѓач му викнал на судијата: „Што е ова? Што гледаш?“
Ибрахимовиќ не постигнал гол два месеци. Последен пат постигнал гол на гостувањето кај Венеција (0:3). Милан и понатаму ја држи лидерската позиција во Серија А, но има само бод повеќе од Наполи и четири повеќе од градскиот ривал Интер, кој има натпревар помалку.