Едно лице го загуби животот во пожарот што, од засега непознати причини, утрово изби во болницата “Папаниколау” во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Противпожарната служба на Грција соопшти дека на вториот кат од болницата било пронајдено безживотното тело на едно лице. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, пожарот е во Ковид клиниката, а сериозно се повредени двајца пациенти, додека пак останатите биле евакуирани и пренесени во други делови на болницата.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 30 пожарникари со 11 возила.