Министерството за внатрешни работи во моментов дека подетални информации за случајот во кој брутално претепан е ракометарот на РК Бутел, Денис Тот.
Како што велат од МВР за Курир пријава за настанот добиле вчера утрината околу 4 часот.
-Од Клиничкиот центар во полиција е пријавено дека во 4 часот наутро е донесен Д.Т. во безсознание. Се работи на расчитување на случајот, кусо одговорија од МВР за Курир.
Најавуваат дека во текот на денот се очекуваат повеќе детали.
Инаку, хрватските медиуми со големо внимание ја следат ситуација со ракометарот на Бутел кој се наоѓа во критична состојба по вчерашното претепување во Скопје. Според порталот „Вечерњи“ хрватскиот ракометар бил претепан во ноќниот клуб „Привилиџ“, а снимките од безбедносните камери биле избришани.
– Инцидентот се случил во ноќниот клуб „Privilege“, а снимките се избришани. Некој знае што прави, пишува порталот повикувајќи се на лице познато на редакцијата.
Денис Тот има бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно е удиран со тапи предмети, но и со раце и нозе. Родителите на 27-годишниот ракометар допатуваа во Скопје.