Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота (28), загина утрово во сообраќајна несреќа во покраината Замора, објавува „Марка“.

Несреќата се случила на 65-тиот километар од автопатот А-52, во близина на општината Паласиос де Санабрија. Диого Жота бил во автомобилот со својот брат Андре кога нивниот автомобил излетал од патот и се запалил.

Автомобилот бил зафатен од пламен, кој потоа се проширил на блиската вегетација.