Хрватскиот ракометар Денис Тот вчера изутрината бил нападнат од две лица, дечко и девојка, во близината на дискотеката „Привилиџ“.
Ракометарот Тот (27) попладнево почина на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување (КАРИЛ).
Откако полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“, точно се утврдило што се случувало и отворен е предмет во полицијата.
На снимките наводно се гледа дека две лица, дечко и девојка, кои најверојатно биле во дискотеката „Привилиџ“ влегле во такси возило.
Ракометарот преку прозорецот им кажал нешто, и двајцата излегле од возилото, му удриле неколку шлаканици, Тот паднал на земја, а девојката го удрила неколку пати со нога по главата.
Младиот ракометар, според нашите извори, не пружал отпор, а дечкото и девојката го напуштиле местото на настанот.
Брза помош викнала девојка која што го видела телото на Тот на асфалтот.
Кога бил донесен во Ургентниот центар, ракометарот немал срцева акција.
Докторите еднаш успеале да го реанимираат, но било залудно.
Неговото тело е дадено за обдукција, во Институтот за судска медицина за да се утврдат причините за смртта.