Видео запис од безбедносна камера на кој јасно се гледа убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, пред ноќен клуб во Скопје, се појави во јавноста. Станува збор за видео со вознемирувачка содржина.
Тој стои до такси возилото заедно со Ангело Ѓоргиевски и деветнаесетгодишната девојка кога Ѓоргиевски замавнува кон него и го удира два пати со тупаница. Ракометарот паѓа на земја како покосен. Во тој момент од задното седиште на такси возилото излегува момче, кое цело време се обидува да ја оттргне девојката, како и Ѓоргиевски. Од возилото излегува уште едно лице кое два пати го удира Тот, додека лежи, еднаш со клоца и еднаш со тупаница по лицето.
Во овој момент има уште пет лица, вклучувајќи го и возачот на таксито, кои се сведоци на настанот. Во наредните триесетина секунди девојката во три наврати го клоца Тот, а Ѓоргиевски влегува во такси возилото за веднаш потоа да излезе и да се доближи до жртвата, а потоа се враќа назад во возилото и заминува заедно со неа. Третиот напаѓач заминуваш пеш.
Ниту еден од сведоците, освен момчето кое ќе излезе од таксито, не се обидува да го заштити Тот, да му укаже помош или пак да повика полиција. На крајот од записот се појавува девојка која држи мобилен телефон во рака и влегува во ноќниот клуб.
Ангело Ѓоргиевски сѐ уште е во бегство, а од Обвинителството не соопштуваат дали имаат информација дека тој се крие во државата, или успеал да побегне во странство.
Како се случила лошата проценка на медицинскиот тим, поради која настанаа сите шпекулации во јавноста, здравствениот инспекторат допрва ќе утврдува. Оттаму соопштија дека ги очекуваат изјавите од медицинските лица, но и комплетниот извештај од обдукцијата заедно со токсиколошката анализа.
Ѓоргиевски веќе бил во судир со законот во Словенија, каде исто така се бара по централна потреница, бидејќи предизвикал сообраќајна незгода а потоа во објектот каде што престојувал е најдена импровизирана лабораторија за производство на дрога.
Хрватскиот ракометар утре ќе биде погребан во неговиот роден град Ѓаково.
Убиството кое МВР и Ковачевски го кријаат pic.twitter.com/BunjthOoeI
— Реалниот (@Realniot21) April 11, 2022