Снимка од вознемирувачко насилство во Србија денеска се појави на социјалните мрежи – на неа се гледа како крупен маж на улица удира и малтретира жена и го клоца нејзиното куче.
Жената го шетала кучето без поводник, кога тоа за’ржало и влегло во борба со кучето на мажот, кој се гледа како ја држи жената и ја удира, по што го клоца кучето. Во еден момент, жената успева да застане на нозе, но насилникот, кој цело време ја прашува „Каде ти е поводникот“, брутално ја турка повторно на земја.
Трет минувач, кој исто така шета куче, приоѓа, ја гледа мачната сцена, но не ѝ помага на жената, туку се повлекува.
Откако инцидентот предизцика згрозување и бројни реакции во Србија, полицијата вечерва соопшти дека насилникот од Земун е уапсен, јавија локалните медиуми.
На 39-годишниот И.Б. му е одреден притвор од 48 часа.