Неколку деца во Франција завршиле во болница, а едно починало откако јаделе замрзната пица Fraîch’Up, произведена во париската фабрика Нестле, пишува Le Monde.
Пиците биле заразени со ешерихија коли, покажале прелиминарните анализи.
По овие трагични настани семејствата на децата од Франција биле скршени од болка. Осумгодишно момче во Париз починало од хемолитичко-уремичен синдром, а 12-годишно девојче завршило во вегетативна состојба. Срцето на 7-годишно момче застанало неколку пати, додека членови на едно семејство завршиле во критична состојба.
Уште на крајот на јануари во болница завршиле три деца кои се уште имаат здравствени последици бидејќи ја изеле спорната пица. Ле Монд пишува дека овој случај го истражувала француската агенција за јавно здравје заедно со Институтот Пастер. Потврдиле дека за труењето е виновна замрзнатата пица.
Потврдиле дури 53 случаи на труење и два смртни случаи кај деца, а се истражуваат уште 26 потенцијални случаи. Се смета дека и овие случаи би можеле да бидат поврзани со консумирање замрзната пица.
Многумина сметаат дека на француските власти им требало премногу време да реагираат. Пјер Дебисон, адвокатот на семејството, вели дека првите хоспитализации се случиле во јануари, а дури на 18 март било прекинато производството во фабриката.
„Тие дозволија производите да се продаваат и отруја уште повеќе деца“, коментира адвокатот.
Нестле засега не ја коментира ситуацијата со пицата и труењето, пишува Le Monde.