На 25.04.2022 во 00.25 часот во Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода М.Б.(26) од Скопје затоа што во домот со остар предмет и нанела повреди на нејзината мајка и се однесувала агресивно кон членовите на семејството и полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.