На денот на ждрепката за Европското првенство кое ќе се одржува во Македонија, Словенија и Црна Гора во Љубљана се одржа и состанок на кој Извршниот Комитет на ЕХФ донесе и некои важни одлуки.
Одлуката која привлекува најголемо внимание е укинувањето на правилото „повеќе голови во во гости“. Правилото се укинува во сите клупски и репрезентативни натпреварувања на ЕХФ почнувајќи од сезоната 2022/2023.
Според новото правило во случај на изедначена разлика во двата натпревари патникот во следната фаза ќе се решава со изведување на пенали.
Промената на ваквото правило дојде по барањето на Комисијата за натпревари.
Помеѓу другите одлуки, Португалија го доби домаќинството на Европското првенство на плажа за 2023 година. Турнирот на најдобрите европски селекции на плажа е закажан за од 23 до 28 мај во 2023 година.