Електричен автомобил ќе се произведува во Србија. Производството на електричното возило „фиат панда“ ќе започне во „Застава“ кон средината на 2024 година.
Тоа возило ќе го претставува природниот наследник на автомобилот „Фиат 500Л“, кој моментално се произведува во фабриката во Крагуевац.
– Денеска започнуваме нова ера во инвестирањето во нашата земја и во нашето однесување во иднина. Потпишавме договор за финансирање на електричен автомобил што ќе се произведува во Крагуевац, изјави неодамна претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Погледнете како ќе изгледа автомобилот наречен „струјадин“.