Најдобрата романска ракометарка Кристина Неагу добро го наплаќа својот квалитет, а понекогаш во јавноста знае да покаже дека го сака луксузниот живот.
Платата Неагу изнесува 20.000 евра со што е најплатена спортистка во светот на ракометот, но и пред многу колеги од машкиот ракомет. До 2021 година ѕвездата на ЧСМ добиваше месечна плата од 17.500 евра, но побара и доби повисока плата за оваа сезона и за продолжување на соработката со ЧСМ Букурешт.
📸

Таа сега беше фотографирана на прошетка со вредност на себе од над 15.000 евра. На себе Неагу носеше патики „Balenciaga Triple S“ кои вредат над 800 евра или една просечна плата во Романија. Црните пантолони кои ги носеше на себе се „Dsquared2“ со вредност од околу 500 евра. На сето тоа тука е и часовникот „Rolex Datejust“ вреден над 15.000 евра.
Откако ја заврши прошетката во паркот Неагу заедно со својата придружничка си замина со својот автомобил Мерцедес АМГ кој вреди и над 100.000 евра. Овие фотографии наидоа на лавина негативни реакции кај романската јавност.