ФИФА ја казни Сенегалската фудбалска федерација за инцидентот кој се случи во баражот за пласман на Светското првенство против Египет, кога Мохамед Салах беше мета на ласери при изведувањето на пеналите.
Салах го утна својот пенал, за Сенегал да се пласира на Светсското првенство, по што Египќаните бараа поништување и преигрување на мечот. ФИФА се согласи дека е потребна казна, но не и исфрлање од СП, доделувајќи казна од 175.000 швајцарски франци и еден меч без публика.
Нигерија, која беше елиминирана од Гана во баражот, исто така доби казна од еден меч без публика откако навивачите влетаа на теренот во Абуџа, а федерацијата ќе треба да плати 150.000 франци. Конго пак, доби казна од 125.000 франциј, а Либан 100.000 франци за слични прекршоци, како и Чиле (95.000 франци) и Колумбија (55.000 франци).