Српските цариници на граничниот премин Прешево успеале да спречат шверц на поголема сума пари.

Царинските службеници во соработка со полицијата на преминот Прешево спречиле обид за криумчарење на повеќе од 73.000 евра, кои еден патник се обидел да ги пренесе во рачен фрижидер, соопшти Царинската управа.

Тој со автомобил со австриски регистарски таблички патувал сам за Грција, а фрижидерот наместо со храна бил наполнет до врв со купчиња пари.

Помал дел од непријавените пари биле пронајдени во преграда од чанта за лаптоп, која исто така била сместена во багажникот на автомобилот.

📸