И официјално актерот Жарко Димоски ја круниса љубовта со својата избраничка Андреа Јосифова. Парот вчера направи голема свадбена веселба во ресторанот „Рагуза 360“ во нашиот главен град, објави порталот Убавина и здравје.
На свадбата присуствувале повеќе од 250 гости, а меѓу нив присутни биле голем број на актери – колеги на Жарко, пејачи од македонската естрада и уште многу други.
Се пеело и играло до раните утрински часови, а со оглед на вокалните способности по кои е познат актерот може само да претпоставувате во чии раце бил најмногу микрофонот…
Инаку Жарко и Ангела беа неколку години во врска, а минатата година во Хрватска, поточно во Ровињ направија венчавка на која присуствуваа членови на нивните најблиски семејства.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸