Шпекулациите за лошата здравствена состојба на рускиот претседател се зголемуваат од почетокот на руската инвазија на Украина.Се претпоставува дека боледува од рак или Паркинсонова болест, но нема официјална потврда за ниту едно од овие тврдења.
Се појавија снимки од средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон, што покрена нови гласини дека рускиот претседател е болен.
– Во видео споделено од руските медиуми и пренесено од украинската новинска агенција, Путин додека разговара со својот колега ги тресе нозете и се нервира, а се шпекулира дека тоа однесување е спротивно на нормалното однесување на претседателот, пишува Newsweek.
Невообичаено однесување забележа и претседателот Рахмон, кој во еден момент погледна надолу кон Путин додека тој ги вртеше нозете додека зборуваше за безбедноста на Таџикистан.
“Las relaciones entre Rusia y Tayikistán se desarrollan activamente", así lo dijo el presidente ruso, Vladimir Putin, este lunes en una reunión con el presidente tayiko, Emomali Rahmon. Vía #AP #TVV #TVVNoticias pic.twitter.com/9NCS6RoqnG
— TVV Noticias (@TVVnoticias) May 16, 2022