Вечерва пријателите, колегите и колешките бродари се простија од Матеј Периш во строгиот центар на Сплит.

Со пораки кои ќе ги разнежнат и најтврдокорните срца, како и со факели, тие подготвија шпалир со чамви во близина на сплитското ферибот пристаниште.

Исто така, почнале да свират и траектите кои во тој момент се нашле во близина.

Според „Слободна Далмација“, приликата ја искористил и таткото на Матеј, Ненад, кој се наоѓал на едрилицата, да им се заблагодари на сите што помогнале во петмесечната потрага.

– Ви благодарам на сите, покажавте големо срце, изјави Ненад Периш.

– Ги познавам неговата мајка, тетка… Живеам овде на улица. Имаме 26-годишен син кој се дружеше со него, рекол сосед на семејството Периш, кој дошол на овој погреб.

Да потсетиме, телото на Матеј Периш минатата недела беше извлечено од Дунав кај Ада Хуја во Белград. По него се трагаше од крајот на декември минатата година, кога исчезна.

Кобната вечер, ноќта меѓу 30 и 31 декември, Периш од непозната причина го напуштил клубот „Готик“, а потоа бил снимен како трча по улиците запирајќи такси. Последното видео на кое се наоѓа Матеј е од надзорните камери на ресторанот „Саванова“ на кое се гледа како тој се спушта по скалите што водат кон реката.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸