Двајца мажи загинаа денеска во несреќа што се случи на Панчевачкиот мост кај Белград, јавуваат вечерва српските медиуми.

Се судриле возило БМВ со германски регистарски таблички и камион Застава од Белград, при што возачот на камионот заедно со сопатникот од своето возило излетал од кабината и паднал преку заштитната ограда од Панчевскиот мост.

На лице место се испратени 11 пожарникари од Звездара.

– Како што дознаваме, еден маж паднал во реката и се наоѓа во чамецот на речната полиција и не дава знаци на живот. Друг маж паднал на скалите, а брзата помош констатирала смрт, јавува Блиц.рс.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸