Првите проблеми се појавија пред финалето меѓу Реал Мадрид и Ливерпул во Париз, откако мечот е одложен за 30 минути поради доцнењето на навивачите на стадионот.
Дел од навивачите преку социјалните мрежи обвинуваат за ужасната организација на вратите пред стадионот, каде што бавно се одвивало влегувањето и затоа се создал хаосот.
Организаторите од друга страна соопштија дека доцнеле навивачите и поради тоа ќе има одложување од најмногу 30 минути.
Ова значи дека натпреварот ќе започне во 21:30 часот.