Битола, Прилеп и Охрид вечерва ги зафати невреме со пороен дожд, град и силен ветер. Во Охрид големината на градот достигнувала и до 30 милиметри.

Засега не се пријавени штети. Невреме има во планинските региони во западниот дел на земјата, во скопската котлина и Пелагонија.

УХМР прогнозира и дека во текот на утрешниот ден се очекува нестабилно и дождливо време и со ветар со брзина од 70 километри на час, а ќе паднат и температурите.

Согласно временската прогноза Центарот за управување со кризи ги повика граѓаните на внимателност.

Им се препорачува викендов да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови.