Мик Шумахер, возачот на „Хас“ во Формула 1, доживеа тешка несреќа за време на трката за Големата награда на Монако.
Синот на легендарниот возач Михаел Шумахер преживеа поради фактот што кокпитите на болидите на Формула 1 се опремени со најсовремени заштитни системи.
Во спротивно, тешко би преживел, бидејќи откако удрил во заштитната ограда, болидот на Шумахер се скршил на половина.
⚠️ SAFETY CAR ⚠️
Mick Schumacher walks away from his car after crashing into the barriers at the Swimming Pool section #MonacoGP #F1 pic.twitter.com/yHQszKxGpg
— Formula 1 (@F1) May 29, 2022
Инцидентот се случил во 15-тиот свиок, а поради влажната површина 23-годишниот возач изгубил контрола над автомобилот.Безбедното возило веднаш се најде на патеката, како и црвеното знаме. За работите да бидат уште полоши за „Хас“, Кевин Магнусен мораше да се откаже во 21. коло.
Инаку, Шумахер имаше тешка несреќа сезонава и пред два месеци, кога исто така удри во ѕид во квалификациите за Големата награда на Саудиска Арабија и имаше голема среќа.
Durísimo choque contra la barrera de Mick Schumacher. El Haas partido al medio. Bandera amarilla. Nos alegramos de que Mick está bien.#F1 #MonacoGP pic.twitter.com/HoUYEOmEF4
— fastdebrief (@fastdebrief) May 29, 2022
📸
📸
📸
📸
📸