











Атрактивната фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот, Ана Стојанова е во нова летна акција, во нов фитнес „летен предизвик“. Уште пред неколку недели таа ја најави и се подготви за својата летна трансформација, повикувајќи ја својата армија следбеници да и се приклучи во што поголем број, за сите заедно подготвени да го дочекаат летото.
Во продолжение ви го пренесуваме нејзиното последно обраќање на социјалните мрежи:






Цел живот со траума од една иста мисла: -Кога ќе ми “излезе” капачето од коленото следен пат? -До кога ќе издржам со овој проблем?!
– Како ќе се симнам јас по овој пат сега?!
Четири месеци без два дена од втората (и дај боже засекогаш последна) операција на коленото.
Без проблем ги правам СИТЕ ВЕЖБИ (а најмногу им се радувам на исчекори), и не можам да ви опишам колку сум среќна што го пишувам ова, а посебно горда кога ја гледам оваа или било која друга слика од мене.






За рекордно време успеав да го вратам мускулот на ногата и НЕ, не беше лесно. Тешко беше, болно, демотивирачки. Сум седела по цели вечери и сум плачела затоа што нити едно апче не можеше да ми помогне. Станував за да се исплачам кога никој не ме гледа и секогаш кога ќе ме прашаа од дома како ти е…?!
-Никогаш не се пожалив дека не е добро, дека е лошо и дека има ноќи кога посакувам да си ја искорнам косата од болки.
Ама помина
И ете ме сега, стојам како пример пред цела Армија, пред илјадници жени кои се борат секој ден да стигнат до целта.






Влегуваме во Недела 3, и знам дека има денови кога ви е смачено и од планот и од мене и од целово ова.
Ама знаете и вие, а знам и јас дека ќе вреди
Секој ден ми е убаво што стојам на нозе и што си помогнав сама, вежбав и со конци и кога најмногу болеше.
Ау колку е слатко кога ќе успееш, а си поминал по најлошиот пат и си стигнал до целта!
Истото ве чека и вас!!!
Не не плаши ни Недела 3, ниту ниедна следна!!
Оваа година ветивме дека ќе има најмногу трансформации и има да го исполниме тоа па што сака нека биде!!!!
Фала ви што бевте тука во мојот најтежок период, затоа ни јас не ве оставам сега





