Бугарскиот фудбалер Тодор Неделев e тешко повреден откако во Тбилиси се судрија двата автобуса на репрезентацијата. Дваесет и деветгодишниот капитен на Ботев се здобил со фрактура на черепот, но бугарските медиуми велат дека животот не му е загрозен.
„Останатите членови на репрезентацијата се добро“, соопшти Бугарската фудбалска федерација.
Инцидентот се случил кога фудбалерите патувале од аеродромот во Тбилиси до хотелот. Тимот бил поделен во два автобуса, кои се судриле откако првиот автобус нагло закочил на влажниот пат. Неделев седел во задниот ред на првиот автобус, при што се здобил и со повреди во пределот на градите.
Бугарија утре треба да игра со Грузија во Лигата на нации и засега нема најави дека мечот би можел да биде одложен. Бугарија е во истата група со Македонија и во првиот меч ремизираа 1:1.
Неделев опериран поради фрактура на черепот
Најтешко помина фудбалерот Тодор Неделев кој итно е префрлен во болница каде бил опериран поради фрактура на черепот. Потпаролот на БФС Виктор Игнатов откри што точно се случило.
„Добро е што Неделев е во стабилна ситуација. Мораше да се изврши итна операција, да се реагира брзо затоа што последиците можеа да бидат фатални. Интервенција беше извршена на черепот бидејќи парче влегло внтре. Тоа беше отстрането оперативно и избегната е појава на хематом или идни компликации.
Неделев останува во болница на понатамошно лекување. Сите други се добри физички, но не и психолошки. Не можам да кажам чива грешка е ова. Се се случи толку брзо и засега не можам да кажам кој е виновен. Но можам да кажам дека времето беше лошо, автопатот беше влажен, постојано имаше грмотевици. Не можам да кажам дека возачите возеа брзо“, изјави Игнатов.
Фудбалерите патувале во два автобуси, а удриле еден во друг во тунел. Неделев бил во првиот автобус на задното седиште каде што удрил другиот автобус.
„Едниот автобус подзастана, а другиот удри во него. Прозорецот се скрши и се повреди. Другите се добро. Ова е страшна ситуација“, изјави членот на БФС Веселин Балевски.
📸
📸
📸
📸
📸