СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

ТРАГЕДИЈА: И покрај напорите на лекарите, почина 24 годишното момче кое беше пронајдено во несвест во Мостар

Т.Џ.(24) денеска ја загуби битката за живот во Универзитетската клиничка болница Мостар, потврдија од МВР на Херцеговско-неретванскиот кантон за босанските медиуми.

Станува збор за млад човек кој во саботата вечерта бил пронајден во несвест во мостарската населба Потоци, откако, како што рекоа тогаш од полицијата, паднал од велосипедот.

Иако постоеја сомнежи дека во младиот човек удрил автомобил, во истрагата на лице место не биле пронајдени траги кои би укажувале на тоа.

Да потсетиме, младиот човек веднаш по приемот бил опериран, по што пет дена бил хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување на СКБ Мостар.

За жал, и покрај напорите на лекарите, поради тешките телесни повреди настанати од падот, младиот човек починал.

Како што дознава „Аваз“ се работи за Тарик Џолота.