СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

СТРАШЕН НАПАД НОЌЕСКА: Најмалку 2 лица загинаа, 19 се повредени во пукање во геј клуб во Осло

Најмалку две лица загинаа, а 19 се повредени во пукање во ноќниот клуб „Лондон Паб“ и околните улици во Осло, што се случи доцна синоќа, еден час по полноќ, пред геј парадата во овој град.

Норвешката полиција соопшти дека во 1.19 часот почнала да добива масовни повици за пукањето во центарот на градот, а по пристигнувањето на местото напаѓачот брзо бил совладан, со помош на луѓе кои биле на улица.

Од повикот до неговото апсење поминале само четири минути.

Местото на злосторството се протегало на неколку локации – од клубот „Лондон паб“ до друг клуб во близина, како и околните улици, а во една од нив убиецот набрзо бил уапсен, само неколку минути откако го отворил огнот – изјавил полицискиот функционер Тор Барстад за весникот „Пошта“.

London Pub е популарен геј бар и ноќен клуб во центарот на Осло.

– Видов човек со торба во раката. Извади пиштол и почна да пука – изјави новинарот Олав Ренеберг, кој беше сведок на пукањето. Засега не е познат мотивот за страшниот напад во норвешката престолнина.

Геј парада беше планирана за денеска во Осло.