СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС
СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!
ПРЕПОРАКА ЛУЃЕТО ДА ОСТАНАТ ВО ДОМОВИТЕ: Температурен рекорд е соборен во оваа земја- измерени се 40,2 степени
Градот Исесаки на југот на Јапонија денеска забележа температура на воздухот од 40,2 Целзиусови степени, што е највисока измерена во таа земја во текот на јуни, соопшти Метеоролошката служба.
Ова го собори претходниот температурен рекорд во Јапонија од 39,8 степени Целзиусови, забележан на 24 јуни 2011 година.
– Силен антициклон од Пацификот со безоблачни временски услови, носи висока температура – се наведува во извештајот на Метеоролошката служба.
Топол бран, за кој Метеоролошката служба изрази очекувања да продолжи и во текот на летните месеци, доаѓа во време кога јапонската администрација побара од жителите да заштедат електрична енергија до септември за да се избегнат можни прекини.
Метеоролошката служба и Министерството за екологија упатија препорака до населението да остане во своите домови и да користи разладни уреди.