СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

УТРОВО СОСТОЈБАТА Ѝ СЕ ВЛОШИЛА: Почина 28 годишна девојка која беше тешко повредена по пад од мотор во Србија

Дваесет и осумгодишната И.П. (28), која вчера беше повредена во тешка сообраќајка, утрово им подлегна на тешките повреди со кои се здоби.

Несреќната девојка во текот на ноќта била оперирана, но утрово состојбата и се влошила и починала. Како што дознава „Блиц“ од нишкиот клинички центар, во незгодата со исклучително тешки телесни повреди се здобила И.П.- имала крварење на мозокот, скршеница на череп, скршеница на рбетот и повреда на стомакот.

Возачот на моторот И.Ц.(34) е на интензивна нега на механичка вентилација, опериран, има повеќе скршеници на потколеница, фрактура на колк, скршеница на подлактица и надлактица, повреда на бутната коска.

Да потсетиме, таа и И.Ц. беа тешко повредени во сообраќајна несреќа, што се случи вчера околу 17.15 часот на аголот од улиците „Мајор Гавриловиќ“ и „Нишавска“ во Ниш.

До несреќата дошло кога моторцикл, на кој се наоѓале овие две лица, движејќи се со голема брзина, удрил во автомобил „рено сеник“ кој од улицата „Нишавска“ вртел кон „Мајор Гавриловиќ“. Од силината на ударот жената која била на мотоциклот го прелетала автомобилот додека автомобилот се ротирал за 180 степени.