СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

Продолжува потрагата по двајцата исчезнати Македонци

Спасувањето на двајцата македонски државјани кои вчера биле однесени од морските струи на плажата Мити на првиот крак Касандра на Халидики продолжува.

Тројца пријатели вчера по роденденска забава скокнале во морето и исчезнале. Еден од нив по неколку часа бил пронајден од спасувачките екипи, а по преостанатите двајца и утрово се трага со хеликоптери и со бродови на крајбрежната стража.

Според грчките медиуми, тројца пријатели од Скопје по роденденска забава решиле да скокнат во морето кај Посеиди на Халкидики. Момчињата на возраст од 25 до 30 години, најверојатно конзумирале алкохол.

По повеќечасовно пребарување, еден од тројцата исчезнати лица бил пронајден во лоша состојба, испил многу вода и веднаш бил пренесен во болница и е надвор од животна опасност.

Мештаните велат дека местото од кое исчечезнатите лица скокнале во водата било опасно поради водните струи.

Утрово продолжи потрагата

Досега не вроди со плод пребарувањата во морското подрачје на Посеиди, Халкидики, за лоцирање на двајцата капачи од Скопје, кои вчера исчезнаа додека пливаа, јавува утрово порталот skai.gr.

– Покрај бродот на крајбрежната стража, во потрагата учествуваат и 3 приватни пловни објекти. Младите момци кои славеле роденден во бар на плажа, вчера попладне нешто по 6 нурнале во морето, но струи и ветер ги однеле, пишува skai.gr.