Научниците ширум светот со големо внимание следеа и се обидуваа да предвидат каде делови од погоните на кинеската ракета ќе паднат на Земјата, а вечерва светот доби одговор.
Делови од погонот Long March 5b кои не изгореле во горниот дел од атмосферата паднале во Индискиот Океан во областа помеѓу Борнео и Филипините во 12:45 часот по средноевропско време, објави Њујорк Тајмс.
Кинеската Национална вселенска агенција (CSNA) објави на социјалната мрежа Веибо дека поголемиот дел од остатоците од погонот изгореле во атмосферата за време на падот.
#China:The debris of the upper stage of the Long March 5B Y3 rocket (#CZ5B) has re-entered the atmosphere in #Sulu sea around 119.0°E, 9.1°N, and most of the components have been burnt out during re-entry. pic.twitter.com/StX0QDmYiA https://t.co/WgrJXtD7dX
— Wᵒˡᵛᵉʳᶤᶰᵉ Uᵖᵈᵃᵗᵉˢ𖤐 (@W0lverineupdate) July 30, 2022
– Областа се наоѓа во околното море на 119,0° источна географска должина и 9,1° северна географска широчина, а повеќето уреди се уништени при повторното влегување во атмосферата – велат кинеските експерти.
Експертите стравуваа дека делови од погонот може потенцијално да удрат во населено место, што беше главната причина за зголеменото следење на погонот низ целиот свет.
meteor spotted in kuching! #jalanbako 31/7/2022 pic.twitter.com/ff8b2zI2sw
— Nazri sulaiman (@nazriacai) July 30, 2022
Шефот на НАСА, Бил Нелсон, во саботата објави дека Кина не објавила конкретни информации поврзани со траекторијата на Long March 5B.
„Сите треба да споделуваат ваков тип на информации што овозможуваат сигурно предвидување на потенцијалниот ризик од удар на отпад, особено за тешките ракети, како што е Long March 5B, кои носат значителен ризик од загуба на животи и имот“, рече тој.
25T core stage of a Long March 5B🚀 reentered #Earth's atmosphere over the #Indian Ocean, and most of the components have been burnt out during reentry#CZ5B lifted off on July 24, carrying a new module toward 🇨🇳 under-construction #Tiangong space station pic.twitter.com/7DIU0jaRq2
— Wᵒˡᵛᵉʳᶤᶰᵉ Uᵖᵈᵃᵗᵉˢ𖤐 (@W0lverineupdate) July 30, 2022
Погонот што се урна на Земјата викендов е дел од ракетата Long March 5B. Беше лансиран на 24 јули 2022 година од страна на кинеската Национална вселенска агенција.
🚀🚀 to the moon 🚀🚀 pic.twitter.com/fleq6ViLdW
— Nazri sulaiman (@nazriacai) July 30, 2022
Ракетата носеше нов модул во орбитата што ќе служи како иден дел од вселенската станица Тиангонг што ќе ја гради Кина.
📸
📸