Пејачката Марија Шерифовиќ на својот Твитер профил реагираше на веста за трагичната смрт на младиот Младен Дулиќ (22) од Лакташи.
Имено, Младен Дулиќ (22), млад човек од Лакташи, се самоуби, како што се наведува, поради потсмев на социјалните мрежи, а сега згрозена од целата ситуација се огласила пејачката Марија Шерифовиќ.
– Нема повеќе луѓе. Само ѕверови – напиша Шерифовиќ на Твитер, со емотикон со скршено срце.
Полицијата го уапси Вељко Тришиќ, работник на бензинска пумпа од видео снимката на Младен Дулиќ (22) од Лакташи (Република Српска, БиХ), кој се самоуби.
Изворите додаваат дека Тришиќ во моментов е под кривична истрага. „Независне“ дознава дека Тришиќ е осомничен за неовластено снимање.
Да потсетиме, Младен Дулиќ, младото момче од Лакташи, се самоуби откако, како што е наведено на социјалните мрежи, не можел да го поднесе притисокот на јавноста поради потсмевот кој го претрпел на интервју за работа.
Како што пишуваат тамошните медиуми, работникот на бензинската пумпа „Глигиќ“ од Лакташи се исмејувал на дваесет и двегодишниот млад човек кој побарал од него да пополни формулар за „пријава за работа“.
Сите имаат само пофални зборови за Младен. Соседите велат дека ги сакал луѓето и никогаш никого не повредил.
-Беше вреден, работеше, исто како и неговите родители. Не го заслужија ова – вели Боро, пренесува Српскаинфо.
Телото на Младен го пронашол неговиот татко откако се вратил од работа. Таткото се вратил дома со велосипед и видел дека вратата од просторијата за пушење е отворена, но прво не се посомневал во ништо, вели добро информиран соговорник на Српскаинфо.
Набрзо го забележал безживотното тело на неговиот син.