Поранешниот корејски репрезентативец и тренер Јо Санг-Чул, почина на 49 годишна по тешко боледување. Тој имаше рак на панкреасот, и вчера ја загуби животната битка.

Чул играше за Јужна Кореја од 1994 до 2005, а настапи на легендарното СП 2002 година кога неговата селекција го освои четвртото место. Одигра за селекцијата 124 натпревари.

После кариерата која ја мина во Јужна Кореја, беше тренер во четири тима, последен пат во 2019 година во Инчон.