Две девојчиња, на возраст од 12 и 13 години, признале дека ја убиле 12-годишната Луиз, која во неделата беше пронајдена мртва во близина на нејзиниот дом во Фројденберг, Германија, соопшти полицијата.
Според германските медиуми, најверојатно мотивот за убиството е одмазда, а обвинителот кажал дека емоциите имале голема улога во злосторството.
„По првото испрашување девојките дадоа контрадикторни изјави, а по второто испрашување го признаа делото“, изјави портпаролот на полицијата во Коблен.