Милена Антовска е една од најшарматните водителки која својата кариера ја гради на Канал 5 ТВ, пред се во утринската програма каде што гледачите најмногу ја препознаваат.
ТВ водителката Милена Антовска не само со својата позитивна енергија рано наутро пред камерите на утринската програма, туку и со својот изглед успева да ги расони гледачите и да им го привлече вниманието.
Милена на големиот празник Василица лани го доби најубавиот подарок – стана мајка по вторпат и на свет ја донесе ќерката Јоана.
Таа едноставно ја носи ѕвездата на успешноста во себе. На прсти можат да се избројат кај нас јавните личности од овој калибар.
За нејзиниот изглед и модните комбинации во кои се појавува се пишува доста, но таа секогаш знае да се појави во некоја интересна и впечатлива комбинација која заслужува внимание.
Таа е често активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде често споделува фотографи, па така беше и овојпат кога прво на стори се огласи.
Имено, сподели фотографија од авион во кој се наоѓа заедно со сопругот и се на пат за Италија: Рим, доаѓаме.