Директорот на битолската болница, д-р Александар Обедниковски, утре ќе поднесе оставка од функцијата, објави вечерва телевизија ТЕЛМА. За телевизијата тој потврди дека утре ќе ја депонира оставката од морални причини.
Неговата оставка се случува по смртта на новороденчето, кои почина два часа откако било родено, што е последен во низата случаи кои ја потресуваат оваа болница и цела Македонија.
Претходно, кон крајот на март шестгодишната Јана Христовска почина на детското одделение по примена инфузија.
Нејзините родители се сомневаат на лекарска грешка, но обвинителството се уште го чека наодот од обдукцијата, за да одлучи дали ќе поднесе обвинение.
Александар Обедниковски е директор на битолска болница од мај 2022-та година а како специјалист ортопед работи таму од 2014-тата година.