– Напуштаат своја плодна земја за да садат и берат плодови во Италија, речиси цела источна Македонија, пишува на својот профил граѓанската активистка Ана Глигорова.
– Спијат на купче во една соба и по десет души, а имале своја соба дома. Земјата запустена, понекој повозрасен земјоделец ја обработува си тага во очите, мислејќи за иселените деца. Напуштаат свои станови, ги продаваат и се населуваат по западни држави, плаќаат солени рати за нов стан, плаќаат големи даноци, ја мразат сопствената земја, забораваат на детството, спомените, животот, пишува Глигорова.
– По пусти пари. За пусти пари. Со надеж дека децата утре ќе бидат Германци, Канаѓани, Данци, Американци,… Целиот живот ќе го жртвуваат бегајќи од сиромашната земја, која ниту била со неплодна почва, енергетски ресурси, ниту била пренаселена како Бангладеш. Малку е потребно, свест и совест, да се дигне оваа забит. Лоповите не дозволија инфраструктура, земјоделство, енергетика, стопанство… Треба да се тргнат лоповите од плодната земја, нема потреба сите до еден да си одиме, заклучи Глигорова.