Јавен обвинител извршил увид на местото каде што осумгодишно дете беше до смрт искасано од кучето на соседите во Пинтија.
-Јавен обвинител изврши увид на лице место, издадена е наредба за обдукција, се преземаат дејствија за испитување на целиот настан, кусо соопштија од Обвинителството.
За трагедијата во скопска Пинтија во која почина осумгодишно дете по напад од домашно куче од расата англиски бул мастиф. Според извори од истрагата, детето влегло во дворот на соседот во кој покрај мастифот, имало и уште едно куче.
Кучето мастиф кое било старо 12 години, го нападнало детето и го изгризало. Од гризењето, детето добило обилно крварење.
Осумгодишникот веднаш со автомобил бил превезен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, но, поради тешките повреди што ги имал во пределот на главата и вратот, искрварил на пат кон болница. Лекарите, и покрај вложените напори и укажаната медицинска помош, за жал, не успеале да го спасат неговиот живот, истакнуваат.
Сопственикот на англискиот бул мастиф вчера вечер веднаш бил повикан на информативен разговор во полициската станица. Извори од истрагата, исто така, наведуваат дека семејствата на детето и на сопственикот на кучето биле први соседи и во добри односи.