8-годишно дете вчера почина откако го нападна куче во скопската населба Пинтија. Детето играјќи си влегло во соседниот двор каде што имало две кучиња по што било нападнато.

Со повреди на вратот и главата родителите веднаш го однеле во болница, но детето искрварило по пат, а лекарите не успеале да го реанимираат. Обдукцијата треба да покаже дали двете кучиња го нападнале или само едно.

Според извори од истрагата, детето влегло во дворот на соседот во кој покрај мастивот, имало и уште едно куче. Кучето мастиф кое било старо 12 години, го нападнало детето и го изгризало. Од гризењето, детето добило обилно крварење.

Осумгодишникот веднаш со автомобил бил превезен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, но, поради тешките повреди што ги имал во пределот на главата и вратот, искрварил на пат кон болница. Лекарите, и покрај вложените напори и укажаната медицинска помош, за жал, не успеале да го спасат неговиот живот, истакнуваат.

Обучувачи од центарот за обука објаснија кои се причините за големата трагедија која ја потресе Македонија во која осумгодишно дете од скопската населба Пинтија почина по напад од куче од расата Булмастиф. Трагедијата се случила откако детето се приближило до дворот каде што го чувале кучето, по што било нападнато.

Велат дека ниедно куче не е родено со агресија, таа е стекната при воспитувањето на кучето, исто како што се воспитуваат и децата.

– Секое куче без разлика на расата во зависност од одгледувањето во домашната средина е олицетворение на сопственикот. Ако е со полош карактер, се дресира построго и обратно. За тоа куче да нападне дете треба да биде агресивно многу. Кучињата не ги напаѓаат децата затоа што не гледаат опасност поради висината на децата. Колку е повисок и повозрасен човек, кучето чувствува поголем страв и може да нападне. Но, домашниот Булмастиф не нападнал од страв. Тоа мора да е агресивно и поради тоа нападнало.

– Ова куче не напаѓа од страв. А неговата состојба сопственикот морал да ја знае и да го чува во бокс, а не на слобода. Тоа е катастрофа што се случило – истакнаа за „А1он“ од „Ристе Гиовски Тим“.